Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Општина Новаци корисник на средства од првата транша од 250-те милиони евра наменети за општините од Влада

Во македонската Влада го потпишав договорот за реализација на еден од најголемите капитални проекти кој е започнат во Новаци но со помош на овие средства од првата транша од 250-те милиони евра наменети за општините комлетно ќе се реализираат пристапните патишта кои водат до Индустриската зона во Новаци.

Имено со овие средства ќе се реконструира крак 3 од уличната мрежа Златен клас Новаци во должина од 515 метри чија вредност изнесува 19,5 милион денари. Министерството за транспорт ќе издвои 7 134 000 денари додека остатокот од средствата во неколку фази ќе бидат исплатени од буџетот на Општина Новаци како развоен проект.

Овие средства ќе имаат директно влијание за зголемување на економскиот раст и развој и зголемување на квалитетот на живот на граѓаните во Општина Новаци и регионот.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content