Општина Новаци во рангот на „Многу добра“ според индексот на активна транспарентност
Општина Новаци го продолжува трендот на пораст на активната транспарентност. Според методологијата на Центарот за граѓански комуникации и сеопфатното истражување со кое се мери степенот на активна транспарентност на сите државни институции, во 2024 година, општината за прв пат се наоѓа во највисокиот ранг, односно во рангот на институции со Многу добра активна транспарентност. Ова е резултат на навременото и соодветно објавување на информации кои се од интерес на граѓаните, врз основа на законска обврска но и сопствена иницијатива на општината. Секако дека во иднина ќе се стремиме уште повеќе да ја подобриме транспарентноста, со цел граѓаните да бидат навремено и соодветно информирани.
Резултатите можете да ги најдете на следната веб страна: https://www.aktivnatransparentnost.mk/
0 Comments