Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Општина Новаци воведува субвенции за купен велосипед

2-pridobivkite-od-odenjeto-so-velosiped-na-rabota-www.kafepauza.mk_

На последната седница на советот на општина Новаци беше донесена одлука за субвенционирање на граѓаните кои ќе купат велосипед. Како што вели градоначалникот Лазар Котевски, единствен услов е да се биде жител на оваа општина.

„Процедурата е следна треба да се одбере местото од каде што ќе го купувате велосипедот, општината плаќа до 4000 денари,  а разликата е на товар на купувачот. За оваа акција „Субвенција за велосипед“ , во буџетот на општина Новаци се проектирани 400.000 денари или 6700 евра, односно можност за 100 жители да добијат субвенции.“ рече Лазар Котевски, градоначалник.

Заинтересираните треба да достават: барање за субвенционирање за купен производ, копија од лична карта, копија од трансакциска сметка, фискална сметка со сметкопотврда или фактура за купен велосипед.

Барањата со комплетна документација се доставуваат во архивата на општина Новаци. Правото на субвенција е еднократно.Ова е прва година по ред како се спроведува овој проект, а интересот за субвенции е многу голем.

Back to top
Skip to content