Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Новачани чествуваат 110- години од смртта на Ѓорги Сугарев

12909464_1261377157223399_1003555341944675026_o

Со панихида на гробот на Ѓорги Сугарев, големиот македонски револуционер од Илинденскиот период,  денеска  кај манастирот “Свети Великомаченик Ѓорги“ над с. Паралово, започна чествувањето на 110- годишнината од смртта на големиот македонски војвода. Тој со својата чета кај месноста “Чукарите“, на денешен ден според стариот календар,  до последен го положија животот во нерамноправна битка и поради  предавничка заседа. 

 

–           Ѓорги Сугарев извршува саможртва и си го одзел животот пред олтарот на македонското ослободително дело. Опеан е во низа песни на македонскиот народен пејач како голем херој и бескомпромисен борец- рече  историчарот д-р Ѓорги Чекутков, член  на патриотското друштво “Тодор Александров“.

 

Организаторите, Општината Новаци и патриотското здружение “Тодор Александров“ од Битола, во негувањето на ликот и делото на Ѓорги Сугарев, ќе изградат спомен  обележје и на самото место на поприштето на херојската епопеја кај месноста  “Чукарите“.

 

–           Кај  “Чукарите“ каде што се загинати тие борци, ќе почнеме со проекти, бидејќи нашата општина располага со голем број на културно- историски споменици и наследства кои ги одржуваме и негуваме- рече новачкиот градоначалник  Лазар Котевски.

 

Како голем револуционер и деец, Ѓорги Сугарев го споменуваат неговите соборци Дамјан Груев, Ѓорги Поп Христов и ѓаконот Евстахиј, а американскиот новинар од тоа време Алберт Соренсен,  во книгата “Исповед на македонски четник“ , за Сугарев напишал  дека бил еден од најдоследните револуционери.

 

Back to top
Skip to content