Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Новаци го празнува Св. Атанасиј

Денеска во Новаци според календарот на Македонската православна црква се празнува празникот познат меѓу народот Св. Атанасиј летен. Црковниот храм во Новаци го носи неговото име.Во името на овој светец е посветен и манастирот во село Старавина, за кој што Општина Новаци минатата година партерно го уреди дворот на манастирот на површина од 300м2 во висина од 300.000 денари и го асфалтира локалниот пат кој води до манастирот во должина од 810 м.Градоначалникот Кузманоски упати честитка до граѓаните што го слават овој празник.„На сите граѓани од православна вероисповед им го честитам празникот Св. Атанасиј, посакувам да имаат добро здравје, лична среќа и да биде оваа година на успеси на сите граѓани и што побрзо да ја победиме сите заедно пандемијата од Коронавирусот за да можеме наредната година заедно да празнуваме како во минатото.” – рече градоначалникот Љубе Кузманоски.Светецот Атанасиј се нарекува борец за вистинското православие. Црквата одбележува два датуми врзани со неговото име, 31-ви јануари како зимски и 15-ти мај како летен празник. Св.Атанасиј е заштитник на многу домови и семејства, а како именден го прославуваат: Атанас, Атанасија, Тане, Насте…Свети Атанасиј бил роден во Александрија, во 296 година. Уште како мал покажувал голема љубов за Бога. Едно време минал во пустина заедно со свети Антониј Велики. По враќањето во Александрија, станал архиѓакон во александриската црква. Учествувал на Првиот вселенски собор и се истакнал со познавање на Светото писмо и со говорништвото. Веднаш по Првиот вселенски собир на барање на народот од страна на епископите бил поставен за архиепископ на александриската црква каде што останал долго време.Четири пати бил протеруван во прогонство, за време на различни цареви кои се плашеле од неговите проповеди и влијание. Во прогонство минал цели дваесет години. Се упокоил 373 година.На денешен ден се празнува пренесувањето на неговите мошти, како и чудата што се случуваа над нив.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content