Намалувањето на рестриктивните мерки
Намалувањето на рестриктивните мерки значи дека се зголемува нашата лична одговорност и за наша и за заштита на луѓето околу нас.
✅Таква мерка е задолжителното држење растојание од 2 метри од лицата околу нас на затворени и отворени простори.
📢Значаен процент од заболените од коронавирус се асимптоматски. Тоа ја зголемува опасноста. Токму лицето кое стои пред вас во ред може да е заболено, а да не знае. Само 2 метра се потребни за да се заштитите себеси, и тие околу вас. Тоа ќе овозможи слободно движење на оние кои ги почитуваат мерките, без ризик по нивното здравје.
❗️При секое излегување надвор, строго да се придржуваме до мерките за лична заштита – да носиме заштита за лицето, односно да ги покриеме носот и устата со маска, марама или шал, да држиме физичка дистанца од 2 метри и да не се групираме затоа што само така го штитиме сопственото и јавното здравје.
🔴Да бидеме одговорни, да ги почитуваме мерките кои штитат од коронавирусот.
0 Comments