Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

МЛАДИТЕ ОД ОПШТИНА НОВАЦИ ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ „ПОТПРИ СЕ НА МЛАДИТЕ“

На денешната работилница „ Потпри се на младите“ која се одржа во Општина Новаци беа презентирани резултатите и истражувањата спроведени врз 105 испитаници, млади луѓе до 35 години и жени од Пелагонсикиот регион за активирањето на заедницата.

Според овој проект:

– 34% од младите се невработени поради недостаток на можности за работа a 31 % се вработени во приватниот сектор. Дури 88% од нив немаат претходно работно искуство согласно резултатите добиени од анализата спроведена во Пелагонискиот плански регион.
– 1/3 од испитаниците не се активни во локалната заедница, 28% се мотивирани за да се вклучат во процесите на донесување на одлуки, затоа што особено за нив е позитивно ако сите засегнати чинители се вклучени во заедницата за разрешување на локалните проблеми, а 18% имале некакво учество во активности за економски развој на општината.
– Младите имаат недостаток од информации за начините и алатките како да се вклучат во локалната заедница и тоа 29 % одговориле потврдно, 34 % дале одговор дека немаат време за такви активности а 16% од нив не веруваат дека можат да направат промена во заедницата.
– Според спроведените истражувања младите се интересираат за пристап до информации и можности, пристап до развојни фондови и финансиски средства и културно забавни содржини. Основни предизвици на младите и жените од Пелагонскиот регион се недостатокот на можности за работа и малите месечни примања.
– Испитаниците одговориле дека доколу имале одредена сума на пари на располагање, би ја потрошиле на инвестирање во образование 46 %, 37% во здравствена заштита , 28% во спорт и рекреација а 27% за заштита на животната средина .

Ова се најзначајните области за младите од Пелагонискиот плански регион во кои што сакаат да видат промена .
Ова беа само дел од резултатите и дискусијата која што се водеше на четвртата работилница за активирање на заедницата која што се одржа во Општина Новаци со младите, средношколците и претставниците на општинската администрација.

Проектот “Потпри се на младите” е финансиран од Европската унија, а го спроведуваат Македонска развојна фондација за претпријатија Rural Coalition – Рурална Коалиција Junior Achievement Macedonia и ЕЛИТ – здружение на жени менаџери
#ЕУсоТЕБЕ
#EUwithYOU
#RelyOnYouth
#ПотприСеНаМладите

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content