Меморандум за соработка и разбирање во процесот на имплементација на “Проектот за поврзување на локални патишта”
Градоначалникот Љубе Кузманоски и Mинистерот за транспорт и врски Горан Сугарески во Владата потпишаа Меморандум за соработка и разбирање во процесот на имплементација на “Проектот за поврзување на локални патишта”.
Општина Новаци е една од 80-те општини која влезе во имплементација на проектот “Македонија без кал” со кој ќе се санираат локални патишта и улици во должина од 450 километри во 80 општини и град Скопје , со 70 милиони евра кредит од Светска банка.
Со потпишувањето на меморандумите од страна на градоначалниците стартуваше проектот што ќе подразбира подобрување на патната инфраструктура , поврзаност , безбедност на сообраќајот и локалниот развој .
Висината на средствата е различна за секоја општина , а се утврдува според бројот на население и на населени места, површината и регистрираните моторни возила.
Секоја општина до Министерството за транспорт и врски доставува квалитетна проектна документација која се проверува и се доставува до Светска Банка .За одобрените проекти Министерството спроведува јавни набавки за градежни работи.Секоја општина ги утврдува приоритетните улици и патишта за кои сака финансирање.
Општина Новаци веќе има подготвена проектна документација и интензивно работи на изготвување на нови проекти со цел во наредниот период да бидат изградени нови локални патишта и улици на територијата на општината .
2020-та ќе биде година на големи инфраструктурни остварувања.
0 Comments