Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Масовен одѕив на планинарската тура низ Мариово

13244248_236903260022379_1490640390463680794_o

Општина Новаци во рамките на проектот „ Жива историја, жива природа 2“ во неделата на 22.05.2016 година ја организираше  планинарска тура низ Мариово. На овој планинарски марш кој наиде на голема масовност учество зедоа 160 планинари.

„ Го организираме овој планинарски марш во склоп на прекуграничниот проект „ Жива историја-жива природа 2 “. Имаме предвидено две релации . Првата ја има следната маршрута  Општина Новаци – с.Градешница – извори на Градешка река – Церева полјана- месност Лаките – ман. св Димитрија – с.Будимирци, додека втората  релација  Општина Новаци – с.Градешница – с.Будимирци – манастир  Св. Димитрија – с.Будимирци. До крајот на месец јуни ќе организираме и велосипедска и џип тура“ рече Лазар Котевски, градоначалник на Општина Новаци.
13220528_236902200022485_6403330392661355588_o
За сите присутни планинари општината имаше обезбедено организиран превоз од Битола и Прилеп до мариовското село Градешница, како и lunch пакет за  секој учесник.  Планинарите се движеа по две патеки : атрактивна патека со должина од 23 км. која  изобилува со културно историски споменици и кратка патека со должина од 8 км., која изобилува со живописни пејсажи.

Back to top
Skip to content