Концерт на фолк пејачката Татјана Лазаревска во Живојно
Со концертот “За мојот роден крај” популарната и омилена пејачка за жителите на с. Живојно и околните села Татјана Лазаревска ги крена на нозе своите сограѓани.Настанот се одржа во рамките на манифестацијата „ Културно забавно лето Новаци 2018“.
Со убава македонска песна и оро на средсело се играше и пееше .
Жителите на с.Живојно и посетителите од околните села задоволни што токму во нивното место на живеење се одржа еден ваков настан што од друга страна значи обединување ,соживот ,дружба и зближување меѓу луѓето .
Културното лето во Општина Новаци дава културна свежина ,прави и остава пријатни и незаборавни моменти насекаде дури и во најоддалечените села .Културните настани допреа до сите .
До крајот на Културно-забавно Лето Новаци 2018 остануваат уште 2 настани и тоа: на 17-ти Август класичен концерт Трио Гитари и на 19-ти Август ФЕСТИВАЛ ЛЕТЕН ФОЛК-ХИТ НА МАКЕДОНИЈА со што ќе биде и затворена оваа манифестација .
0 Comments