Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Изгаснат е пожарот кој го загрозуваше манастирот кај Паралово

По три дена интензивно и сеприсутно дејствување со цел да се изгасни огнената стихија која ја зафати Општина Новаци поради константно топлото време, денeс можам да кажам дека пожарите се локализирани, изгаснати и ставени под контрола.

Имено изминатите три дена гореше ниско стеблеста пред се тревна вегетација, најповeќе во непристапни терени на повеќе локации низ нашата територија и тоа: Полог, Скочивир, Грумази, Сливица, Тепавци, Гнилеж, Брод, скоро во сите села огнените јазици ги загрозуваа куќите и имотите на нашите жители а најкритично беше денес кај Паралово каде загрозен беше манастирот Св.Ѓорѓи.

Со натчовечки напори успеавме да се справиме со овие пожари поради што јавно сакам да упатам голема благодарност до: Министерството за одбрана, ЦУК, ТППЕ Битола, РЕК Битола, ЈП Комунална Хигиена Новаци ,Марковски компани, ЈП Стрежево, ЈKП Водовод Битола, доброволното противпожарно друштво Арханѓел, Македонски шуми, Општина Могила, многубројни доброволци, месното население кои несебично се ставија на располагање со соодветна механизација, луѓе и ресурси.

Сакам да нагласам дека во овие најкритични точки опасноста е надмината меѓутоа нашата ангажираност и претпазливост сеуште е на високо ниво затоа што еден дел од огнените јазици сеуште се активни и се протегаат кон атарот на Ивени и по течението на река Црна во мариовскиот дел. Со посветеност и максимална ангажираност за брзо и овој дел од пожарот ќе биде ставен под контрола.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content