Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Здружението на жени од Новаци освои прво место на манифестацијата “Зелникот на баба” во Пробиштип

Здружението на жени од Новаци го освои првото место во категоријата брзо сукање на зелник на манифестацијата ” Зелникот на баба” која се одржа традиционално во Пробиштип.Оваа манифестација се организира по повод денот на пролетта и учество земаат голем број на здруженија и поединци каде се натпреваруваат во различни категории меѓу кои на лице место демонстрација како се сука зелник и истиот се пече под вршник, натпревар во брзо сукање како и најдобра етно аранжирана маса.

Нашите претставници од општина Новаци кои се постојани промотори и афирматори на културните и традиционални вредности покрај првата награда добија и благодарница за учество на манифестацијата.
Општината дава целосна поддршка на ваков вид промоција .

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content