За секое прваче во Општина Новаци по 4.000 денари во септември
Советот на Општина Новаци на 15 –тата седница на совет донесе одлука секое прваче во Општина Новаци кое ќе се запише во ОУ. Славко Лумбарковски и подрачните училишта ќе добие по 4.000 денари на почетокот на учебната 2018 година.
Овој надоместок е со цел намалување на давачките на родителите кои од први септември ќе испраќаат прваче во новата учебна година , кога семејниот буџет се преполобува за училишен прибор и книги истакна градоначалникот на Општина Новаци Љубе Кузманоски
Со посебно известување кое ќе биде објавено на општинската веб страна ќе се известат родителите за доставување на потребните податоци .
0 Comments