Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Заради протест блокиран патот Новаци Рек

Градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски даде поддршка на мирниот едночасовен протест кој денеска го организираа жителите на Општина Новаци, блокирајќи го патот Новаци – РЕК „Битола”. На овај начин го искажаа својот револт за тешката сообраќајна несреќа што се случи во петокот, во која смртно настрада жител на Новаци, на возраст од 71 година кој возејќи трактор беше удрен од тешко товарно возило кое се движело на овој пат.

Од Иницијативниот одбор кој го организираше протестот велат дека пред неколку дена се повредило и 10-годишно дете додека со велосипед минувало низ улица. Новачани регираат дека камионите на фирмите што превезуваат јаглен до комбинатот не сообраќаат со дозволена брзина, не се движат прописно и затоа нивните животи се загрозени.

Градоначалникот Стевановски истакна дека овој проблем што се случува во центарот на Новаци не е од вчера. Мора да се стави ред бидејќи дневно по овој пат се движат над 200 тешки товарни возила товарени со јаглен.

Институциите кои што одлучиле на овој начин да ги обезбедуваат термоелектраните со јаглен, требало да размислaт да најдат алтернативно сообраќајно решение.

Тој порача дека како градоначалник на Општина Новаци ќе се заложи во иднина да се изгради нова сообраќајница која ќе ги поврзува Битола со РЕК и би се избегнало тешките товарни возила да се движат низ Новаци, со што би се избегнале несакани последици и би се зголемила безбедноста во сообраќајот.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content