Започна да се гради првата приватна инвестиција во Индустриската зона во Новаци
Среда за среќа ги туривме темелите на првата приватна инвестиција во Индустриската зона во Новаци. Станува збор за наш сожител од Новаци Зоран Николовски– Поката кој започна да ја гради својата приватна автомеханичарска работилница.
Нека му е со среќа и со успех !!!
Тоа што беше само ветување пред 3 години полека станува реалност. Оваа прва инвестиција нека биде една од многубројните кои ќе следуваат во иднина во Индустриската зона во Новаци.
Со цел на инвеститорите во зоната да им обезбедиме инфраструктура како што доликува започнавме да го реконструираме локалниот пат од поштата до Златен клас во Новаци крак 1 и крак 2, чија вредност изнесува 35,5 милиони денари а обезбедени од Министерство за транспорт и врски. Наскоро ќе започнеме и со реконструкција на крак 3 чија вредност е 19,5 милиони денари од кои 6 милиони денари од Министерство за транспорт а остатокот од буџетот на општината.
Исто така на двата краци кои се веќе во изградба изградена е нова канализација и водовод во износ од 4,7 милиони денари средства обезбедени од Буџетот на Општина Новаци.
Следната година ќе инвестираме во инфраструктурата внатре во самата Индустриска зона.
0 Comments