Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Завршна конференција на проектот „Жива историја, жива природа 2“ во Алмопиа

14711445_1330003943690167_4743089256018769957_o

Грчкиот парнер на општина Новаци, Алмопиа викендов направи презентација на сите постигнати резултати во текот на имплементацијата на проектот од програмата за прекугранична соработка Македонија-Грција 2007-2013 „ Жива историја, жива природа 2“, на завршната конференција која се одржа во хотелот „Четири сезони“ во Лутраки.

На настанот присуствуваа сите вклучени во имплеметацијата на овој проект кој на некој начин допринесоа за реализација ан сите планирани активности и ги презентираа резултатите.

За разлика од грчките партнери, имплементацијата на проектот во општина Новаци започна малку покасно од општина Алмопиа на 21.05.2015 година а завршува на 21.03.2017 година, седум месеци подоцна од првично планираните 15 заради дозволеното пролонгирање на наше барање од страна на делегацијата на европската унија.

„Од досегашното работење на проектот можеме да се пофалиме со многу резултати и тоа: изработени се три основни проекти за реконструкција на црквата Свети Димитрија во село Градешница, деминирање на месноста Змеица и реконструкција на рекреативниот парк Коњарка.Целосно е спроведена активноста околу деминирањето на шумската патека а во завршна фаза е и реконструкцијата на црквата Свети Димитрија во село Градешница.Организирани се две работилници за туристички работници за промоција на природните и историските патеки на територијата на општина новаци со нови маркетинг технологии, пешачка, велосипедска и џип тура,направена е школа за фотографија на која имавме како домашни така и учесници од Грција.Потоа спроведени се три различни конкурси за најдобри фотографии , избрани се победниците и доделени им се награди. Изработена е мобилна апликација за веб пребарување и за паметните телефони ,поставени се 5 сета маси и клупи, направено е мапирање , означување и обележување на теренот, поставени се патокази и информативни табли а наскоро ќе започнеме и со реконструкција на преубавиот рекреативен парк на река Коњарка.“ рече градоначалникот на општина Новаци.

На завршната конференција детално беа презентирани сите активности кои ги спроведе грчкиот партнер но секако беше направен и осврт на имплементацијата на прокетот LHi Lna 2 во општина Новаци

Двата градоначалници Котевски и Бинос го изразија задоволството од досегашната имплеметација на двата проекти , одличната соработка и желба за понатамошно продолжување на заедничкото работење. Двете општини имаат аплицирано за нов проект за за развој на алтернативниот туризам од првиот повик од Програмата за прекугранична соработка 2013-2020 година. Во моментот проектите се во фаза на апликација а најдобрите ќе бидат објавени до крајот на оваа година.

На настанот беше присутна и заменик министерската за култура и туризам на Грција.

 

Back to top
Skip to content