Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Донација за семејството Ристевски од Живојно од општина Новаци и ОО на Црвен крст Битола

Рита Ристевска , мајка на две деца од село Живојно , семејство кое се наоѓа во тешка  социјална состојба живее на работ на егзистенцијата, без месечни примања и социјална помош. Без доволно храна, облека и средства за хигиена едвај врзуваат крај со крај. Излегувајќи им во пресрет на нивната состојба ,градоначалникот на општина Новаци Стевче Стевановски им донираше пакети со облека , храна, дрва и средства за хигиена на семејството Ристевски.

„ Рита Ристевска е наш граѓанин, која живее со двете малолетни деца во Живојно во тешка економска и социјална состојба, без месечни парични примања, недостаток на храна, облека, средства за хигиена, дрва , обувки и се она што им е потребно на едно семејство за да функционира. Таа поднесе барање за помош до општина Новаци и Советот на општина Новаци на што ние се одѕвавме. Оваа донација е само мал дел но сепак  ќе им ги олесни маките и тешката состојба во која се наоѓа ова семејство. Воедно апелирам  сите оние кои имаат можност да донираат , да го направат тоа и да ја покажат хуманоста на дело, да им помогнат на ова семејство полесно да ја помине тешката зима која им претстои. “ рече Стевче Стевановски, градоначалник на општина Новаци.

На барање на општина Новаци во помоштта која му се дава на семејството Ристевски од село Живојно се приклучи и општинската организација на Црвениот крст од Битола.

„ Направивме пакети со храна и намирници кои имаат подолг рок на траење, облека, училишен прибор, средства за хигиена на домот и средства за лична хигиена  кои денеска ќе им ги донираме на семејството Ристевски од с. Живојно. Ќе разговараме со мајката и доколку е потребно во наредниот период ќе им обезбедиме и мебел и разна покуќнина.  Овие средства се обезбедени преку донации кои ги имаме во соработка со училиштата и детските градинки од Битола каде децата донираат разни работи кои потоа се пакуваат во соодветни пакети и истите се даваат на оние семејства кои се наоѓаат во тешка економска и социјална состојба. “ рече Лилјана Ристевска , претседател на ОО на Црвен крст Битола.

ОО на Црвен крст од Битола денеска покрај донацијата оствари средба и со градоначалникот на општина Новаци, Стевче Стевановски  со кој разговараа за можните начини на идна соработка помеѓу овие две институции.

„Со Црвениот крст денеска  ја остваривме првата наша меѓусебна соработка преку помошта која ќе им ја донираат на семејството Ристевски, но разговаравме и за идните начини на заедничка соработка. Секако постои можност за аплицирање на проекти до  домашни и меѓународни донатори, реализирање на заеднички проекти со посебен акцент за давање помош и нега на стари лица во нивните домови како еден вид на палијативна нега и лична асистенција. “ рече Стевановски.

Општина Новаци на мајката Рита Ристевска која е државјанка на Р. Албанија и нема регулиран престој во нашата држава,  ќе и помогне и во постапката за стекнување на државјанство затоа што наскоро и изминува времето за престој во Македонија.  Исто така со посредство на општината започната е постапка за семејството Ристевски да добие право за постојана парична помош преку Центарот за социјални работи во Битола.На синот Леонид Ристевски , општина Новаци му додели еднократна парична помош во висина од  6000 денари која им се доделува на сите првооделенци за купување на школски прибор.

Воедно упатуваме апел до сите хумани граѓани на било кој начин да се вклучат во оваа хумана мисија и да им помогнат на ова загрозено семејство.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content