Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Доделени награди, сертификати и презентирана изложба за крај на еднонеделната школа за фотографија

DSC_0889

Со изложба на која беа презентирани најдобрите фотографии, со доделување на сертификати за учество и награди за најдовбрите фотографии трите конкурси за најдобра фотографија заврши еднонеделната школа за фотографија во рамките на проектот „ Жива историја, жива природа 2“.

„ Со оваа изложба заврши еднонеделната обука за фотографирање на природните и историските патеки насловена како „ Вклучување на уметноста – Крстопати на природата и уметноста“ во организација на општина Новаци. Школата ја посетуваа 30-тина учесници , беа ангажирани 4 обучувачи, преведувач и организатор на школата. Активноста започна на 18 овој месец а трае до 25 јули. Во изминатите седум дена се работеше теорија во салата во хотелот но имаше и практична настава односно беа посетени доста места од нашата општина кои се познати културни и природни убавини. Имавме учесници од Битола, Новаци, Прилеп, Крушево и Грција .“  рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Покрај оваа активност со проектот ќе се обележат туристички патеки, изработка на мобилна апликација за паметни телефони, реконструкција на црквата Св. Димитрија во Градешница, партерно уредување на рекреативното излетничко место Коњарка, деминирање на шуска патека и сл.

„ На денешниот настан доделивме прва,втора и трета награда за најдобрите фотографии на трите конкурси кои претходно беа објавени. Исто така на сите учесници им доделивме сертификати за учество.“ рече Котевски.

Школата за фотографија е една од многуте активности на општина Новаци во имплементацијата на проектот „Жива историја – жива природа 2“ финансиран од програмата на Инструментот за предпристапна помош, Програма за прекугранична соработка помеѓу Р. Македонија и Грција 2007-2013.

 

Back to top
Skip to content