Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Делегација од Советот и Општина Новаци во посета на збратимената Општина Дуги Рат, Р.Хрватска

На покана од градоначалникот и Советот, делегација од Општина Новаци составена од членови на Советот и општинската администрација остваривме официјална посета на збратимената Општина Дуги Рат, Р.Хрватска.

При оваа посета која како резултат на долгогодишната соработка помеѓу двете општини, направени беа плодни дискусии и комуникации во насока на искористување на средствата од фондовите на ЕУ и прилагодување кон европските регулативи.

Покрај бројните средби и состаноци, одржана беше свечена седница на Советот на Дуги Рат на која беа истакнати нивните искуства во насока на еврооинтегративните процеси. Посетени беа неколку стопанственици кои успешно се занимаваат со мали семејни бизниси кои претставуваат интересна приказна која може да биде од голема корист за нашите жители кои во иднина би можеле да применат дел од овие практики а имајќи ги во предвид потенцијалите на нашата општина и со успех да направат свој бренд.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content