Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Делегација од збратимената општина Дуги Рат, Хрватска и членови на Советот денеска ја посетија општина Новаци

tnt_8029

Делегација од збратимената општина Дуги Рат, Хрватска предводена од градоначалникот Јерко Роглиќ деновиве е во тридневна посета на општина Новаци. Целта на посетата е запознавање на претставниците на Советот на оваа општина со сите потребни информации поврзани со општина Новаци, продлабочување на соработката и размена на знаења и искуства.

 

Во отсуство на градоначалникот, Лазар Котевски кој е во работна посета на австралија, делегацијата ја пречека администрацијата и Советот на општина Новаци.

„ Ние сме веќе две години во контакт кога се збратимивме, очекуваме продолжување на оваа соработка во смисла на заедничко аплицирање за европски фондови и грантови затоа што Хрватска е веќе членка на ЕУ. Дуги Рат е општина која се наоѓа на околу 20 км од Сплит. “ рече Пецо Мицевски, претседател на Совет на Општина Новаци.

tnt_8053Општините Новаци и Дуги Рат се збратимени од ноември 2013 година и од тогаш се во постојан контакт.

„Засега соработката се однесува на меѓусебните посети. Договоривме следна посета на 19 март следната година кога имаме празник на општината па делегација од Новаци ќе ни биде драг гостин кај нас. Планираме сорабтката да ја прошириме на искористување на европските фондови , да правиме големи проети кои ќе бидат од големо значељње и за двете општини.“  рече Јерко Роглиќ, градоначалник на општина Дуги Рат, Хрватска.

„За прв пат сум во Македонија и сум пријатно изненаден од приемот. Се надевам дека и вие ваќа ќе бидете пречекани кога ќе дојдите кај нас следната година и ќе имате што да видите и кај нас. Ние сме општина која излегува на мореи се надеваме дека вашите граѓани ќе доаѓаат кај нас на одмор и дека соработката ќе продолжи и понатаму. “  рече советник во Советот на Општина Дуги Рат.

При последната посета на наша делегација во хрватска градоначалникот Котевски на неговиот колега му врачи признание за почесен граѓанин и благодарница за донацијата од 4500 евра за поплавите , а на денешната посета благодарница им беше врачена на Советот како и на Бранко Маретик кој го направи првиот контакт и ги поврза овие две општини.

 

„Јас бев од делегацијата која беше во посета на Дуги Рат пред една година. Бевме пријатно изненадени односно бевме топло примени од нашите пријатели од збратимената општина “  рече Стевче Стевановски, советник во општина Новаци.

Хрватската покрај општина Новаци го посетија ЦОУ ЊСлавко Лумбарковски“, Центарот за ран детски развој Бамби, Културно иновативниот клуб, РЕК и ЗК Пелагонија и Манастирот Рождество на Пресвета Богородица.

 

 

 

 

Back to top
Skip to content