Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Контакт лице: Павлина Таневска

047/20 30 60 Локал: 106

email: pavlina.tanevska@opstinanovaci.gov.mk

1.ДАНОЧНА ПРИЈАВА

За преносот на правото на сопственост се пднесува даночна пријава во рок од 15 дена од денот на склучениот договор

Образец на даночна пријава се поолнува и поднесува на приемен шалтер со уплатени административни такси во износ од 300 денари од подносителот на пријавата на сметка 840-149-03182 и приходна шифра 722-315

Кон даночната пријава за данок на промет на недвижност се купопродажби се приложуваат следните списи:

  • Најмалку 6-8 договори од кои два потпишани од странките во договорот
  • Копии од лична карта за физичкото лице и тековна состојба за правниот субјект од централниот регистар на РМ
  • Имотен лист за недвижниот имот
  • Технички извештај – одобрение за употреба на недвижноста
  • Полномошно од овластениот застапник

2.ДАНОЧНА ОСНОВА

Претставува пазарната вредност на недвижниот имот утврдена од овластен проценител според методологија за процена на пазарната вредност на недвижен имот (сл. Весник на РМ бр. 54/2012…142/14)

3.ДАНОЧНИ СТАПКИ

Стапката на данокот на промет изнесува 3%

4.ДОНЕСУВАЊЕ РЕШЕНИЕ

Решение за данок на промет се донесува во рок не подолг од 10 дена

5.РОК НА ПЛАЌАЊЕ

Утврдениот данок на промет на недвижност се плаќа во рок од 15 дена од денот на приемот на решението, а за секој ден задоцнување се плаќа дневна камата од 0,05%

6.ТУЖБА

Против донесените решенија – со дата на донесување до 04.09.2015 година може да се изјави жалба, до Општина Новаци, во рок од 15 дена со уплатени 250 денари административни такси на сметка 840-149-03182 и приходна шифра 722-315. Поднесената жалба не ја одлага наплатата на данокот

7. РОК НА РЕШАВАЊЕ ПО ИЗЈАВЕНАТА ЖАЛБА

Рокот за решавање по жалба изнесува 15 дена доколку се постапува во прв степен, во спротивно жалбата во рок од 5 дена со сите списи на предметот се препраќа до министерството за финансии

8.ТУЖБА

Со измените и дополнување на Законот за Даноците на имот („Сл.весник на РМ “бр.154/2015) кои стапија на сила на ден 04.09.2015 година, направени се измени во Член 52 во наведениот закон и нема повеќе правен лек жалба и истиот се заменува со ТУЖБА .

ПРАВНА ПОУКА:Против решението на градоначалникот на општината, може да се поведе управен спор со тужба пред надлежниот Управен суд во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.

ПОДНЕСЕНАТА ТУЖБА НЕ ЈА ОДЛАГА НАПЛАТАТА НА ДАНОКОТ

Back to top
Skip to content