Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Контакт лице: Павлина Таневска

047/20 30 60 Локал: 106

email: pavlina.tanevska@opstinanovaci.gov.mk

1.ДАНОЧЕН ОБВРЗНИК

Обрврзници на данок на имот се физички и правни лица кои се: сопственици, корисници или плодоуживатели на имотот

2.ДАНОЧНА ОСНОВА

Претставува пазарната вредност на недвижниот имот утврдена од овластен проценител според методологија за процена на пазарната вредност на недвижен имот (Сл. Весник на РМ бр. 54/2012…142/14)

3. ВИСИНА НА ДАНОКОТ

Изнесува 0,10% од утврдената пазарна вредност на недвижноста

4.ОСЛОБОДУВАЊА

Данок се намалува за 50% доколку станот/куќата се користат за живеење, со доказ лична карта

5. ДАНОЧНА ПРИЈАВА

Секој даночен обврсник е должен да го пријави недвижниот имот и тоа во рок од 15 дена од денот на стекнувањето на имотот или од отпочнувањето на користење на имотот

Бесплатен образец на даночна пријава се пополнува и поднесува на приемен шалтер

За недподнесување на даночна пријава на даночниот обврзник му се изрекува мерка глоба пропишана согласно законот за даноците на имот

6.РЕШЕНИЕ ЗА ДАНОК НА ИМОТ

Се донесува секоја година за секој даночен обврзник врз основа на поднесена даночна пријава и даночната евиденција

7.РОК НА ПЛАЌАЊЕ

Данокот на имот се плаќа тримесечно и пристигнува за наплата во средината на секое тромесечје или во рок од 15 дена од денот на доставување/приемот на решението, а за секој ден задоцнување се плаќа дневна камата од 0,05%

8.ДОСТАВУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ

Решението се доставува до даночниот обврзник на последната пријавена адреса на обврзникот од даночната пријава преку доставна служба или преку пошта

9.ТУЖБА

Против донесените решенија за данок на имот – со дата на донесување до 04.09.2015 година може да се изјави жалба, до Општина Новаци, во рок од 15 дена со уплатени 250 денари административни такси на сметка: 840-149-03182 и приходна шифра 722-315. Поднесената жалба не ја одлага наплатата на данокот

10. РОК НА РЕШАВАЊЕ ПО ИЗЈАВЕНАТА ЖАЛБА

Рокот за решавање по жалба изнесува 15 дена доколку се постапува во прв степен, во спротивно жалбата во рок од 5 дена со сите списи на предметот се препраќа до министерството за финансии

Рокот за решавање по жалба изнесува 15 дена доколку се постапува во прв степен, во спротивно жалбата во рок од 5 дена со сите списи на предметот се препраќа до министерството за финансии

11.ТУЖБА

Со измените и дополнување на Законот за Даноците на имот („Сл.весник на РМ “бр.154/2015) кои стапија на сила на ден 04.09.2015 година, направени се измени во Член 52 во наведениот закон и нема повеќе правен лек жалба и истиот се заменува со ТУЖБА .

ПРАВНА ПОУКА:Против решението на градоначалникот на општината, може да се поведе управен спор со тужба пред надлежниот Управен суд во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.

ПОДНЕСЕНАТА ТУЖБА НЕ ЈА ОДЛАГА НАПЛАТАТА НА ДАНОКОТ.

Опис и тек на постапката во чекори:

  1. Поднесување на даночна пријава за утврдување на данок на имот во канцелариите на Општина Новаци во с.Новаци. Изготвените решенија за данок на имот се подигаат во канцелариите на Општина Новаци;
  2. На даночната пријава треба да се наведе лице за контакт и контакт телефон;
  3. Данок на имот се плаќа на недвижен имот, освен за оној имот кој е ослободен од плаќање на данок според ЗДИ (Сл. весник на РМ 61/04);
  4. Утврдувањето на пазарната вредност на недвижноста ја вршат проценители на Општина Новаци, според Методологија за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот;
  5. Одговорните лица изготвуваат Решение за данок на имот;
  6. Решението за утврден данок на имот му се доставува на даночниот обврзник – лично или по пат на пошта.

Потребни документи:

  1. Даночна пријава за утврдување на данок на имот (законски пропишана форма);
  2. Доказ за сопственост на недвижноста (имотен лист, договор за купопродажба и судска одлука);
  3. Друга дополнителна документација што ќе се јави како потребна во текот на постапката.

Сите потребни информации во врска со данок на имот може да се добијат во канцелариите на Општина Новаци или на телефон 047/20 30 60

Рокови за постапката:

Решението за висината на данокот на данокот на имот се донесува најдоцна до 31 Март во годината за која се утврдува данокот на имот (законски рок)

Формулари:

Back to top
Skip to content