Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Второ место на манифестацијата “Зелникот на Баба” за пензионерката Вера Котевска од Новаци

Жените од Пензионерскиот Клуб “Силата на Бабата” од Новаци учествуваја на манифестацијата “Зелникот на Баба” која се одржа во Пробиштип седма по ред по повод денот на пролетта.
Вештите раце на нашите претставнички на Општината и Клубот им донесоа врвно признание ,благодарница и освоено 2 место во категоријата брзо сукање на зелник.
Нашата претставничка Вера Котевска на вешт и мајсторски начин пред присутните на лице место демонстрираше брзо сукање на зелник ,со што го освои 2 -то место .
Со богато традиционално јадење , зелник под вршник ,и други специјалитети од нашето подрачје ,облечени во традиционална селска носија ,нашите натпреварувачки доследно ја претставија Општина Новаци.
Градоначалникот Љубе Кузманоски со поддршка и благодарност до клубот на пензионери за постојаната промоција на општината.

Back to top
Skip to content