Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ВО РЕГИОНОТ ГАЗИАНТЕП ПОСЕТИВ ДВЕ ОПШТИНИ И БЕВ ГОСТИН КАЈ ДВАЈЦА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ

Покрај многубројните средби со стопанственици и бизнисмени на мое големо задоволство заедно со соработниците остварив средба со градоначалникот на Општина Шахинбеј, Mehmed Tahmazoglu која е централната и најголемата општина во Газиантеп со популација од 1,3 милиони жители. Пред средбата присувствував на настан во организација на градоначалникот Тахмазоглу посветен за студентите и младите на кој во преполната сала имав чест да им се обратам и ги поздравам нашите пријатели од Турција.

Бевме гости на градоначалникот на Општина Огузели, Бекир Озтекин оваа општина брои околу 40 илјади жители во која најголем дел од жителите се занимаваат со земјоделско производство. Со други зборови општина многу слична на нашата. На средбата со Озтекин разменивме искуства и мислења и изразивме интерес за понатамошна соработка помеѓу двете општини се со цел создавање услови за подобар и поквалитетен живот на жителите на двете општини.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content