Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Во Брод откриен споменик за жртвите од Првата светска војна

 

Во присуство на амбасадори, воени атешеа, конзули, градоначалници,
советници и директори на јавни претпријатија, денес во с.Брод во општина
Новаци беше одбележана  100 годишнината од завршувањето на Првата
светска војна 1918 -2018. По тој повод беше подигнат и  споменик во чест
на загинатите војници и цивили во македонксиот (солунскиот) фронт. Се
собравме на овој голем историски ден, 100 години од крајот на Првата
светска војна, за свечено и заедно да го одбележиме примирјето од 11
ноември 1918 година, со коешто заврши првиот светски конфликт, Големата
војна или Војната на нациите.Повеќе од 70 милиони воени лица ,
вклучувајќи ги и 60 милиони Европејци, биле мобилизирани во една од
најголемите војни во историјата. Повеќе од девет милиони борци и седум
милиони цивили загинале како резултат на војната и геноцидот.Оваа војна
била една од најсмртоносните конфликти во историјата , токму затоа на
паднатите војници им ја кажуваме нашата почит и се поклонуваме на
нивните вечни живеалишта , каде и да се, рече пред присутните
градоначалникот на општината Новаци Љубе Кузмновски

-Означуваме сто години од крајот на Првата светска војна, во чест на
сите загинати војници, во чест на сите загинати цивили кои се нашле во
тие борби пред сто години. Овој споменик го подигнавме да биде сведок на
се она што се случувало пред сто години и сакаме да порачаме дека ние ќе
градиме иднина во мир и порачуваме никогаш повеќе да не се вратат тие
страдања. Да мислиме на добро, на мир, а не на војна, рече
градоначалникот Љубе Кузмановски.

Во знак на почит кон жртвите и по повод 100 годишнината од завршувањето
на Првата светска војна, бројни делегации положија свежо цвеќе на спомен
обележјето.  Пред преисутните гости се обрати и францускиот амбасадор
Кристијан Тимоние.

-Со загриженост гледаме дека меѓународната заедница во овој момент
минува низ одредени тешкотии. Треба да бидеме многу внимателни со
предизвиците на иднината. Но, и историјата ни дава дополнителна врска за
да го изградеме мирот заеднички, за помирувањето зашто вашата земја во
овој момент дава еден пример за помирување со сите свои соседи, а ние
имаме потреба од таков пример во Европа што значи имаме потреба од вас
во Европа. Вашата земја не ја гледам повеќе онака растргната како што
била пред сто години, туку ја гледам како еден составен дел и значаен
чинител во меѓународнарта заедница,  францускиот амбасадор Кристијан
Тимоние.

Првата светска војна се одвивала од 1914 до 1918 година. Започната за
повторна поделба на светот помеѓу Антантата и централните сили.
Македонија разделена на три дела, била многу значајно воено поилитичко и
стратешко прашање за завојуваните сили на антантата и централните силе.
И двете завојувани страни се стремат да ја контролираат територијата на
македонија преку која може да се излезе на Солун.  Од 1915 до 1918
година од двете страни на Македонскиот фронт имало вкупно стационирани 1
200 000 војници ( еден милион и двесте илјади војници). Од сите делови
на Македонија биле мобилизирани над  200 000 војници кои се нашле во
кланицата од двете страни на фронтот.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content