Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Бесплатни превентивни прегледи од ОО на Црвен крст Битола во пензионерскиот клуб во Новаци

Општинската организација на Црвениот крст Битола ја обновија соработката со општина Новаци. Прва активност е денешното предавање на тема кардиологија и превентивните прегледи и мерење на крвен притисок и шеќер во крвта.

„Екипа на ОО на Црвениот крст Битола им мереше шеќер во крвта и крвен притисок на пензионерите кои се жителите на Новаци. Исто така им беше одржано и едукативно предавање на тема кардиологија како и корисни совети по болестите поврзани со оваа темаОва е особено важно за населението од руралните средини и ќе биде уште покорисно ако се спроведува редовно.“ рече Љубе Кузманоски,градоначалник на општина Новаци.

Акцијата наиде на голем интерес а се организираше во просторијата на пензионерскиот клуб во Новаци.

Општина Новаци неколку пати беше дел од  акција „ Здравје за сите “ на Министерството за здравство на РМ.

 

 

Back to top
Skip to content