Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Завршена е првата фаза од изградбата на фекалната канализациона мрежа во село Добромири

Завршена е првата фаза од изградбата на фекалната канализациона мрежа во село Добромири.

Ова беше едно мое предизборно ветување кое веќе се реализира и жителите на ова населено место конечно ќе имаат услови за живот како и што заслужуваат во 21 век.

За изградбата на првата фаза од канализациона мрежа со пречистителна станица во с.Добромири, општината има обезбедено над 7,5 милиони денари сопствени средства, кои се предвидени во Буџетот за 2023 година. За целосна реализација на овој капитален проект ќе следи изведување на уште две фази во наредната 2024 година.

Паралелно со изградбата на канализационата мрежа се поставија 900 метри подземни електрични инсталации а по оваа должина пуштен е и оптички кабел.Овие активности се спроведени во соработка со ЕВН Македонија и А1.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Back to top
Skip to content