Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Четврт координативен состанок за проектот „Жива историја ,Жива природа 2 “ во Алмопиа,Грција

unnamed-1

Во партнерската општина Аридеа, Алмопиа се одржа четвртиот координативен состанок за прогресот и текот на имплементацијата на проектот „Жива историја, жива природа 2“. Воедно ова е и последен состанок од ваков тип со оглед на тоа што се ближи крајот на проектот а за 22 октомври е закажана завршната конференција на грчките партнери.

„ На состанокот разговаравме за тековните активности, досегашното имплементирање на проектот кај двата партнери Новаци и Алмопиа, проблемите и предизвиците со кои се соочуваме при реализацијата а секако посебен осврт беше ставено на активностите кои треба да се имплементираат до крајот односно заедничките активности со посебен осврт на завршните конфереции. “-. рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Научниот соработник Никос Тсимас ги презентираше досегашните активности на Алмопиа но посебен осврт стави на подготовките на завршната конференција која е закажана во втората пловина на месец октомври.

Катерина Чукалевска од општина Новаци презентираше кои се досегашните постигнувања од имплементацијата на проектот, реализацијата на досегашните активности деминирањето на теренот, обележувањето и мапирањето на туристичките патеки, поставување на знаци и клупи, реконструкцијата на црквата Св. Димитрија во с.Градешница, изработката на мобилна апликација за smart телефони и веб пребарување и сл.

Проектот „Жива историја, жива природа 2“ е втор проект кој општините Новаци и Алмопиа го имплементираа од програмата за прекугранична соработка Македонија-Грицја 2007 – 2013 .

 

Back to top
Skip to content