Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Француски туристи заинтересирани за историјата на општина Новаци

Prva sv vojna Dans les rues de Monastir (mars 1917). Civils tués par les gaz - На улиците во Битола (март 1917). Цивили убиени со отровен гас

Се поголем е бројот на французи кои покажуваат интерес за Општина Новаци и културното наследство кое оваа општина го крие на своја територија. Општина Новаци  својата богата историја  ќе ја користи за привлекување на странски туристи. За таа цел , а во рамки на програмските активности општината преку проект ги открива и чисти  рововите, магацините и патеките од Првата светска војна.

Развојот на туризмот е дел од програмските активности на општина Новаци. За таа цел ќе ги користи своите ресурси што во моментов ги нуди природата како и она што во минатото историјата го запишала. Природните убавини на Мариово и фронтот за време на Првата светска војна  што поминува низ оваа општина се тие за што општина Новаци со проект подржан од ИПА програмата ќе се обиде да ги привлече туристите како домашни така и странски. По започнатата соработка со Долна Нормандија од Франција, најголема заинтересираност има токму од француските туристи за да ја посетат оваа општина.

Реновирање  на рововите од Првата светска војна , магацините, како и откривање на затрупаните болници се дел од активностите кои оваа општина ќе ги спроведе  во рамки на проектот кој ќе се реализира со помош на средства од ИПА програмата.

Ова е само продолжување на проектот Жива историја  жива природа  за што е почнато деминирање на патека долга 6 км.

Back to top
Skip to content