Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Тим од АФПЗРР  на средба со жителите на Добромири и Далбеговци

12674678_1242291892471833_547125707_n

Тимот предводен од директорката на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој на Република Македонија, Билјана Вуковиќ заедно со градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски и советникот за комунална инфраструктура, сообраќај и заштита на животната средина, Стевче Стевановски остварија средба со жителите на селата Добромири и Далбеговци. Целата на средбата беше тимот на АФПЗРР директно да се информира за проблемите кои ги имаат  земјоделците при исплата на субвенции за нивното земјоделско производство.

„ При средбата со жителите на селата Добромири и Далбеговци се запознав со најразличните проблеми кои ги имаат земјоделците и заедно со мојата екипа составена од раководители на различни сектори од Агенцијата, истите ги евидентиравме и во најкус можен рок ќе им биде одговорено и соодветно постапено . Најголемиот дел од земјоделците беа заинтересирани за различните програми кои ги нуди Владата на РМ во областа на земјоделството и руралниот развој односно во популарните мерки 50:50 за набавка на модерна земјоделска механизација и ИПАРД програмите. “ рече Билјана Вукович, директор на АФПЗРР на РМ.

Најчести проблеми со кои се соочуваат пелагониските земјоделци се нерешени имотно правни односи кои се основа за исполнување на услов за добивање субвенции.

„ Овие средби се доста коирсни и за земјоделците и за државните органи затоа што и едните и другите можат да се информираат од прва рака и заеднички да се поработи на решавање на сите проблеми и пречки.“ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Тимот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој на РМ продолжува со посети на земјоделците ширум целата држава.

 

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top