Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Со големи василичарски огнови дочекана  Православна Нова година во општина Новаци

 

Со големи василичарски огнови, богата трпеза, мазник со паричка и колбаси се прослави Василица или Православна Нова Година во општина Новаци.Ова е една традиција која масовно ја применува скоро секое маало во оваа општина. Од оваа традиција исклучок не е ниту т.н „ Куртеска маала“  во која седум семејства цели 29 години ја негуваат оваа традиција.

„ 29 години се бериме постојано седум семејства на оган за Василица 13 ти јануари спроти 14 –ти и утрото вариме чорба и сите заедно ја славиме Православна Нова година. Секој учествува во трпезата со она што го подготвува во својот дом .Имаме и договор кој е направен уште со започнувањето на традицијата. Имаме постојани членови но и подлмадокот кој ја прифати нашата иницијатива се приклучија кон истата и понатаму тие ќе ја негуваат и продолжат. Следната година ние јублејна 30 години па планираме достојно и да ја прославиме. “ вели жител на ова маало.

Градоначалникот на општина Новаци  Православна Нова 2016 година ја дочека со жителите.Ги посети сите коледарски огнови и се дружеше со неговите сожители. Коледарски огнови, богата трпеза и мазник со паричка имаше на сите василичарски огнови.

„ Овој период е еден од најубавите во годината затоа што изобилува со празници, со можност за прослава и дружење, но и за зачувување и продолжување на богатите народни обичаи.“ вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

Денеска е Василица, осмиот ден после раѓањето на Исус Христос кога тој бил однесен во храмот и обрезан. Во Стариот завет со тоа се запечатувала припадноста на народот наследник на Божјите ветувања. Об­резанието инаку е праслика на тајната на крштението и како такво има значење и во новозаветната Црква. Овој празник се празнувал уште во првите векови на христијанството.

Де­неска исто така се слави и свети Василиј Велики, кој се упокоил на овој ден. Тој е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, завршил школа во Атина. Бил го­лем христијански философ, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Се упокоил во 379 година.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top