Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

СИСТЕМСКА ДЕРАТИЗАЦИЈА НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА НОВАЦИ

Фотографија на Љубе Кузманоски - Градоначалник на Општина Новаци.

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Новаци и решението на ДСЗИ за спроведување на вонредна превентивна систематска дератизација на територијата на Општина Новаци, како општа противепидемиска мерка, екипа од ЈЗУ Центар за јавно здравје -Битола на ден 08.06.2020год спроведе активности на теренот во смисол на спроведување на прва фаза од превентивната систематска дератизација т.е. поставување на отровни мамци за уништување на глодари(глувци).

Со дератизацијата опфатени се :

Дератизација на подземниот канализациски систем во Село Новаци (90 шахти):

Дератизација на прифатниот канализационен систем на инфестирани објекти од посебен јавен интерес (25 шахти)

– Детски градинки:
Центар за ран детски развој “Бамби”;
– Воспитно образовни институции:
ЦОУ “ Славко Лумбарковски”
– Здравствени установи:
Амбуланта во с.Новаци;

– Останати објекти во градот од јавен интерес:
Објект на локална самоуправа,
Полицијска станица,
Објект на пошта

Дератизација на јавната депонија Мегленци

Back to top