Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Се асфалтира патот Битола – Новаци – Рек Битола

Започнаа активностите околу асфалтирање на регионалниот патен правец Битола Новаци РЕК со вкупна должина од 12 километри.

„ Министерството за транспорт и врски во соработка со ЈП за државни патишта работи Скопје започна да работи на  реконструкција на регионалниот пат Битола – Новаци- РЕК. Инвестицијата е вредна 61 милион денари, средства обезбедени од буџетот на ЈП за државни патишта. Очекуваме патот да биде завршен до септември годинава. Заеднички со ЈП за државни патишта отворивме широк фронт на работа на патиштата низ цела територија на државата. Само оваа година ќе се инвестираат преку 270 милиони евра за изградба и реконструкција на патната мрежа.  “ рече Љубе Кузманоски, градоначалник на општина Новаци.

Целиот реконструктивен зафат се очекува да биде завршен најкасно за 2 до 3 месеци, а фирмата која го добила тендерот и е изведувач на градежните работи е Ескаватори.

Наскоро се очекува да се започне и со реконструкција на мостот на река Црна на истоимениот патен правец. Овие градежни работи ќе ги изведува ГП Гранит.

Back to top
Skip to content