Реновирани просториите на спортскиот клуб во Добромири
Со средства од буџетот на општина Новаци комплетно се реновирани просториите на поранешниот спортски клуб во Добромири. Овој објект ќе го користат младите луѓе од ова населено место за разни активности.
„ Целосно е реновиран стариот објект каде порано беше сместен спортскиот клуб. Сменета е нова дограма, врати, направен е нов оџак, нова водоводна и електрична инсталација, нови внатрешни ѕидови, подни плочки, малтерисување, нов плафон од гипс таван, нова фасада и сл. Покрај самата просторија уреден е и дворот. Направена е патека од бехатон плочки, поставени се две клупи пред објектот и сл. “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.
Инвестицијата ја чинеше општина Новаци 1,5 милион денари.