Работилници со полимерна глина во Гермијан и Добромири
Викендот во рамките на „Културно лето Новаци 2017“ се одржаа две работилници со полимерна глина во Гермијан и Добромири наменети за дечињата од овие села.
„Работилницата наиде на голем ингтерес во двете населени места каде ја одржавме. Дечињата работеа со полимерна глина , се забавуваа, се дружеа и се разбира имаа можност да ја покажат својата креативност“ велат од Културно иновативнито клуб Новаци.
Планирано е да се одржи ушпте една ваква работилница во Новаци.
До крајот на културното лето остануваат уште неколку настани и тоа: музичко театарски перформанс од драмата „ Чест“ на Васил Иљоски кој ќе се одржи во Добромири на 09 август, потоа модна ревија за деца и возрасни Шанел топ моделс на 14 во Новаци на 16 август е закажана промоција на книга и последен настан за годинава е промоцијата на документаниот филм „ Живеј, работи, создравај“.