Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Превентивни мерки од поплави и следење на водотеците на територијата на општина Новаци

DSC_8427

Поради врнежливиот период кој деновиве ја зафати цела држава будно се следи состојбата со водостојот на река Црна и се чисти каналскиот систем на територијата на општина Новаци, со цел да се спречи евентуална појава на поплави.

„ Цел викенд имавме врнежи од дожд заради што постојано ја следиме состојбата на терен , го следиме водостојот на река Црна, на каналите, спроведуваме нивно чистење онаму каде што има потреба. Досега интервениравме на чистење на 10 тиот канал во должина од 12 км, 9-тиот канал со должина од 7 км и секундарниот канал кој врви низ селата :Горно и Долно Агларци, Добромири, Новаци, Рибарци и Гнеотино а кој во летните емсеци се користи за наводнување.  Се преземаат сите превентивни мерки со цел елиминирање и на најмало излевање и повторување на минатогодишните поплави кои ни се случија а имаа невидени последици. “  рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи на РМ во изминатите 24 часа на територијата на Пелагонија паднаа околу 21 литар на метар квадратен. Временската прогноза укажува на тоа дека и во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со локални, но послаби врнежи од дожд. На повисоките планини ќе има слаби врнежи од снег. Утре ќе дува умерен, повремено засилен ветер од североисточен правец, кој на места ќе достигнува брзина околу 60 км/час.Утринската температура ќе се движи од -3 до 3 степени а дневната од 6 до 12 степени.

 

 

Back to top
Skip to content