Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Општина Новаци со методологија ќе ги распределува парите од буџетот

MKC

Со цел зголемување на транспарентноста и отчетноста на Единиците на локалната самоуправа при доделување на средства на здруженија и фондациите од општинските буџети , во општина Новаци беше реализиран проект со кој беа организирани по три работилници со цел да се изготви методологија за распределба на државните пари.

„Методологијата ги содржи резултатите од спроведените три работилници за развивање на методологии за распределба на средствата од буџетската ставка – трансфер до НВО од општинските буџети за поддршка на 8 општини во Р.Македонија . На воие работилници присуствуваа претставници на НВО секторот во општината, спортски здруженија, културно ументицички , претставници од општинската администрација и сл. “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци

Новата методологија е усвоена од Советите на општините Новаци и  Битола, а стапува на сила од јануари 2017.

„ Нашата општина беше вклучена во овој проект заради остварување поголема транспарентност во работењето. Методологијата е прифатена од градоначаликот, од НВО а ќе биде изгласана и од Советот. “ рече Оливера Димитровска, раководдител на одделение за финансии при Општина Новаци.

Публикацијата служи и како еден вид на алатка за застапување на вклучените општини, но и како пример на останатите општини за креирање и подобрување на механизмите за распределба на средства од општинските буџети до здруженијата.

„ За граѓанскиот сектор ќе имаме бенефит затоа што ќе постои поголема компетитивност на идеите односно ќе се напушти стариот начин на доделување на средства на НВо секторот а вака ќе треба да се финансираат поквалитетни и поиздржани апликации и проекти. Ова е добро и за самата општина затоа што се олеснува комисијата за финансисс и буџет и имаат поголема евиденција“. Рече Мери Нашоку, претставник на МКЦ.

Оваа методологија е дел од проектот „Поголема транспарентност на локалните фондови за граѓански здруженија„ кој го имплементира Фондацијата за развој на локалната заедница Штип во соработка со МКЦ-Битола, Центарот за одржлив развој на заедницата Дебар и Центарот за развој на заедницата Кичево во 8 општини во Македонија

 

Back to top
Skip to content