Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Општина Новаци се подготвува за најавените ниски температури и врнежи од снег

15

Врз основа на добиените насоки од ЗЕЛС  согласно одржаниот состанок на координативното тело на РМ предводено од министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и претставниците од  ДЗС, ЦУКЈП „Македонија пат“, УХМР, АМСМ, ЗЕЛС и други субјекти, состанок одржа и кризниот штаб при општина Новаци.

Причина за денешниот состанок е утврдување на мерките и активностите на делување со цел подготвеност е екипираност  за соодветно справување со последиците кои можат да настанат од најавената временска прогноза: температура до -22 целзиусови степени, снежни врнежи, појава на замрзнат дожд и голомразица. Според временската прогноза значителна промена на времето ќе има од четврток кога се очекуваат снежни врнежи на целата територија на земјава, а на планините ќе паднат и до 50 сантиметри снег.

 

На одржаниот состанок на општинскиот кризен штаб беа донесени следните  препораки и заклучоци за справување со најавените врнежи од снег и ниски температури, рече градоначалникот Лазар Котевски:

 

  1. Општата да ја провери подготвеноста на фирмите кои ги избрале на тендер како и да ја провери количината на сол на лице место и дололку има потреба истата да ја дополни, возачите да бидат во состојба на готовност исто така и механизацијата.
  2. Општината доколку има потреба дополнително да склучи договор за  користење градежни машини ( грејдери, скипови ) за поголеми врнежи од снег.
  3. Општината да биде во координација со месните заедници и благовремено да интервенираат на нивно барање каде ќе има потреба.
  4. Општината да си назначи одговорни лица кои ќе апелираат на граѓаните и корисниците на стопански објекти за расчистување на пристапите до нивните објекти

5 Јавното претпријатие  да биди  максимално ангажирано со материјално технички средства  и човечки ресурси за чистење на снег.

  1. 6. Градоначалникот да свика состанок и да биде во состојба на готовност заедно со месните секретари на МЗ
  2. 7. Да се информира и полицијата за сите активности
  3. 8. Да се информираат Дирекцијата за заштита и спасување за сите заклучоци
  4. 9. Да се објави телефон каде можат граѓаните да се јават со дежурства за зимска служба

Значителна промена на времето ќе има утре кога поради спуштање на поларна воздушна маса од север ќе има врнежи од снег, најпрво во северните и западните, а потоа и во останатите делови. Во јужните делови најпрво врнежите ќе бидат од дожд, а потоа ќе преминат во снег. Пообилни врнежи се очекуваат во попладневните и ноќните часови. Врнежи од снег ќе има и во петок, особено претпладне, но со намален интензитет. Насекаде ќе се формира снежна покривка,на планините и до 50 сm.Oд утре попладне до сабота ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, поради што на места ќе има и снежни навеви.За време на викендот облачноста делумно ќе се намали и ќе биде многу студено. Преку денот најстудено се очекува во сабота со температури од -12 до -6, а во недела утринските температури ќе се движат од -22 до -10 степени. Потоа температурите ќе бидат во благ пораст.

 

 

 

 

 

Back to top
Skip to content