Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

ОПШТИНА НОВАЦИ ИНВЕСТИРА ВО ПРЕДУЧИЛИШНОТО И ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ

Фотографија на Љубе Кузманоски - Градоначалник на Општина Новаци.

Паралелно со инвестициите во инфраструктурата,инвестираме во предучилишното и основното образование, овозможувајќи подобра иднина за нашите најмлади и за целото општество.Вложуваме во иднината на нашите деца за правилен ран детски развој и квалитетен образовен систем.

Општина Новаци за прв пат ќе добие детска градинка за која во целост се завршени сите административни процедури за нејзино отворање,но поради ситуацијата со коронавирусот отворањето ќе изостане се до оној момент кога ќе се создадат безбедни услови за нејзино отворање и непречено функционирање.

Во тек е монтирање на котелот за парно со комплетна инсталација на парно греење во целокупниот простор на градинката од обновливи извори на енергија,односно биомаса, и котлара. Котелот е обезбеден преку проектот “Одржливо менаџирање на агро-отпадот за загревање на руралните средини” финансиран од Интерег ИПА Програмата за погранична соработка меѓу Република Грција и Република Северна Македонија 2014-2020г .

Детската градинка во Новаци која го носи името БАМБИ претставува комплетно нов и модерен објект, кој ги исполнува сите неопходни стандарди за квалитетен образовен процес и обезбедува современи услови за згрижување и престој на 50 деца од општина Новаци.

Градинката располага со сите потребни услови, помагала и простории за престој на децата и за нивно воспитување, а дворот е уреден со забавни површини. Средствата за изградба на оваа детска градинка се обезбедени следствено од Буџетот на општина Новаци во висина од околу 5.2 милиони денари.

БАМБИ ќе биде основа при следното скалило во животот на нашите деца , почетокот на основното образование.

Почитувани,
Ние продолжуваме да инвестираме во нови објекти и да ги реконструираме веќе постоечките се со цел обезбедување на квалитетен и ефикасен образовен систем.Вложуваме и во основното образование и ги рекоструираме нашите училишта.

Се грижиме! За секое дете да расте во подобри услови и подобри можности!

Во периодот од 2 и пол години локална власт извршивме реконстукција на училишната зграда во село Бач и тоа препокривање на кровната конструкција и реновирање на големата училишна сала со донација од Р.Бугарија. Ја Реконструиравме и училишната зграда во село Горно Агларци со комплетно нови санитарни јазли . И малата училишната зграда, за учениците од одделенска настава во централното училиште во Новаци доби нови санитарни јазли.

Преку донација од ЕСМ обезбедивме прочистувачи на воздухот и електронска табла за потребите на општинското училиште со сите свои подрачни училишта како и снабдување на подрачните училишта во село Добромири, Агларци и Рибарци со нови печки за греење со дрва, греалки, ТВ приемници и фотокопири во Новаци, Бач и Гермијан.
Во тек е изработка на тендерска документација за санација на 4 повеќенаменски игралишта во с.Добромири,с.Г.Агларци ,с.Далбеговци и с.Гермијан.

И тука не застануваме , продолжуваме со позасилено
темпо да ги реализираме нашите зацртани цели, од нашата убава општина Новаци да направиме една успешна приказна со задоволни и среќни граѓани.

Back to top