Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Оддавање почит за жртвата кон татковината на загинатите во Вејце

Пред 16 години, на денешен ден, кај тетовското село Вејце, загинаа осумина припадници на специјалните сили на МВР. Покрај осуммина убиени, имаше и шестмина повредени.

По тој повод денеска на три локации во Битола, во присуство на нивните соборци и најблиски роднини беше положено цвеќе во чест на загинатите полицајци.

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски и делегација од општина Новаци им оддаде почит за жртвата кон татковината положувајќи цвеќе пред спомениците на загинатите во масакрот во Вејце во 2001 година.

Во нападот на полициската патрола загинаа Роберт Петковски од скопско Бунарџик, Бобан Трајковски од Куманово, Миле Јаневски  од Македонска Каменица, Игор Костески од Кисела Вода, Марјан Божиновски и Кире Костадиновски од битолско Горно Оризари, Бошко Најдовски од битолско Долно Оризари и Илче Стојановски од битолско Породин.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top