Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Здружението “Кајмакчалан“ со иницијатива за брендирање на мариовскиот мед

DSC_8709

Еколошкото здружение „Кајмакчалан“ со седиште во село Маково, Мариoво, општина Новаци, започна иницијатива за брендирање на мариовскиот мед. На денешниот состанок градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски разговараше со бразилски експерти, претставници на здружението и министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство на РМ за постапката, начинот на брендирање, погодностите и придобивките од целата постапка.

„ Мариово е чиста, еколошки незагадена средина каде навистина пчеларите имаат можност да произведуваат еколошки чист мед. Токму затоа потребно е брендирање и заштитување на мариовскиот мед. “ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

Во Македонија постојат над 4.000 пчелари со повеќе од 80.000 пчелни семејства од кои над 150 пчелни семејства имаат 2,1 отсто, речиси 30 отсто имаат од 50 до 150 пчелни семејства, 49,4 отсто од 20 до 50, а 18,4 отсто од едно до 20 пчелни семејства. Во земјава најмногу од пчеларите, дури 83,5 отсто практикуваат стационарно пчеларење кое дава помал принос, а само 16,5 отсто селидбено пчеларење. Од едно пчелно семејство во Македонија во просек се добиваат по 12 килограми мед годишно, а на годишно ниво се троши само по 700 грама мед по глава на жител, додека во Германија потрошувачката е 9, а во Јапонија дури 16 килограми по жител.

„ Започнавме иницијатива за брендирање на мариовскиот мед затоа што сакаме да биде препознатлив по вистинско, сигурно, чисто и еколошкото потекло. Досега имаме случаеви на продавачи на мед кои го користат името мариовски мед а истиот е произведен во друг регион. Токму затоа за да го заштитите сакаме да го брендираме бидејќи сите ги знаеме здравствените придобивки кои се добиваат од медот и медните производи. “ вели Менде Трајковски, ЗГ – Кајмакчалан.

Кочански ориз, тетовски грав, малешевско сирење, охридски чај и македонски ајвар, ова  се само дел од вкупно 18 наши брендови со заштитено географско потекло, според меѓународните процедури.

Back to top
Skip to content