Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Започна еднонеделната школа за фотографија

TNT_1005

Започна еднонеделната обука за фотографирање на природните и историските патеки „ Вклучување на уметноста – Крстопати на природата и уметноста“ во организација на општина Новаци. Школата ја посетуваат 30-тина учесници а ангажирани се 4 обучувачи, преведувач и организатор на школата. Активноста започна на 18 овој месец а ќе трае до 25 јули.

„ На школата за фотографија имаме околу 30 тина учпесници и 4 обучувачи. Колата се реализира во рамките на преоктот кој е продолжение а се реализира во сораборка со грчката општина Алмопиа. Во претстојните седум дена ќе бидат посетени доста места од нашата општина културни и природни убавини. Имаме гости и од Грција. Покрај оваа активност со проекто ќе се обележат туристички патеки, изработка на мобилна апликација за паметни телефони, рекоснтрукција на црквата СВ. Димитрија во Градешница, партерно уредување на рекреативното излетничко место Коњарка, деминирање на шуска патека и сл.“ рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

На школата за фотографија му претходеше јавен повик на кој право на пријава имаа и македонци и грци кои требаше да исполнат одредени услови и тоада се претставници на регистрирани фотографски студија или самостојни фотографи, да имаат минимум 2 години работно искуство во фотографирање, познавање на работа со компјутери и странски јазик а предност при изборот имаа оние претставници кои  имаат искуство во делот на фотографирање културно-историско наследство и природни пејсажи.

„Дојдов овде затоа што ми се допаѓа фотографијата и сакав да земам учество. Мислам дека ќа имаме убави искуства, ќе ја дожиевееме природата и убавините на Мариово. Ќе се запозчаеме со нови млади луѓе со кои имаме заеднички интереси и нови искуства.  “ рече Јоана Пандехи , учесник од Атина, Грција.

„ Многу мие мило што учествувам во реализиацијата на проектот „Жива историја, жива природа2“. Јас не сум професионалец, дојдов овде да научам нови нешта за фотографијата затоа што ова го работам како хоби, аматерски. Мислам дека школата ќе ми биде корисно искуство.“ рече Стела Спиру , учесник од Атина,Грција.

„ Дојдов да ја научам историјата на овој народ, природните убавини, да запознаам нови луѓе и поголеми искуства со фотографирањето и техниките. Ја зграпчив ситуацијата со голема надеќ, три години се занимавам со фотографија и мисламд ека ќе биде одлично искуство.  “ рече Марија Дениз , учесник од Крит,Грција.

 

За обуката организаторот обезбеди работни материјали, храна и сместување, исплата на патни трошоци за учесниците, како и експерти.

„ Ми претставува особено задоволство што група на малди луѓе ќе имаат можност преку своите фотоапарати да творат и да создаваат уметнички дела кои ќе значат придонес кон збогатување на културното наследство и документирање на прекрасната природа на битолскиот дел на Мариово. Направените фотографии за време на обуката ќе бидат искористени за мобилната апликација, на опфицијалната веб страна на  проектот  дел од нив ќе бидат испечатени во поголем формат на канвас палтно и сл. “ рече Нешад Аземовски, обучувач.

Школата за фотографија е една од многуте активности на општина Новаци во имплементацијата на проектот „Жива историја – жива природа 2“ финансиран од програмата на Инструментот за предпристапна помош, Програма за прекугранична соработка помеѓу Р. Македонија и Грција 2007-2013.

Back to top
Skip to content