Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Заменик министерот за земјоделство Костадиновски во посета на општина Новаци

10580702_1158645560826007_4899941011467949460_o

Заменик министерот за земјоделство шумарство и водостопанство  ја посети општина Новаци и оствари директна средба со градоначачникот Лазар Котевски, жителите, младите и земјоделци од оваа општина. Ја искористи можноста да им ги соопшти новините што ги носат измените во Законот за земјоделство и рурален развој, според кои сточарите ќе може да користат државна помош на име полиси за осигурување  при набавка на сточен фонд. Друга поволност за фармите од мал обем што сакаат да се прошират според Програмата за рурален развој е можноста за  државна помош во зависност од обемот на проширување на стопанството.

Костадиновски ги информираше земјоделците  дека веќе се донесени измените на Законот за земјоделство и рурален развој со кои се овозможува вклучување на сточарството  во мерката за државна помош при набавка  на полиси за осигурување на добиток.

Заменик министерот Костадиновски ја посети фармата на  Боби Петровски. Моментално во неговата фарма има 29 грла и задоволен е од мерките и државната помош што ја има искористено за потребите во неговата фарма.

„Една од главните измени на Законот за земјоделство и рурален развој е можноста сите сопственици на фарми од помал обем, кои сега се категоризирани во прва категорија до 4 грла добиток, во втора категорија од 5 до 10 грла и во трета категорија од 11 до 20 грла добиток, да добијат повеќе поволности. Фармерите кои ќе го окрупнат стадото ќе добијат финансиска поддршка од Владата во зависност од категоријата која се движи од 90 проценти за прва категорија или 70 проценти за втора категорија. Со тоа ќе го прошират сопствениот капацитет, ќе произведуваат повеќе млеко, а со самото тоа ќе има и поголема продуктивност и средства за сопствениците на земјоделски стопанства“ – изјави Ванчо Костадиновски заменеик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Општина Новаци  е една од општините која има искористено рекордна сума за подршка на земјоделците по разни основи. Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски , не го криеше задоволството од досегашната државна помош . Според него во оваа општина не постои  ни педа не обработена површина.

Костадиновски оствари средба и со земјоделците во селата Далбеговци, Горно и Долно Агларци, Добромири и Рибарци, со цел да ги запознае со новите мерки и да ги слушне нивните барања и проблеми

Како што изјави Костадиновски , Владата и понатаму ќе остварува средби со земјоделците и креира нови мерки кои ќе им бидат од голема во помош во развојот на земјоделското производство .

Новините во Законот за земјоделство и рурален развој предвидуваат државна помош за сите оние стопанства од мал обем кои ќе сакаат да го зголемат сточниот фонд. Новините  предвидуваат  државна помош во зависност од големината и обемот што сака земјоделецот да постигне.

На барање на земјоделците воведена е измена на рокот од 180 на 90 дена во кој откупувачите на земјоделски производи ќе мора да им ги исплатат средствата на земјоделците. Исто така продолжен е и рокот за легализација на земјоделската механизација.

 

 

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top