Едукативно предавање на тема Дијабет во општина Новаци
Во организација на Лајонс клуб Хераклеа во салата на советот на општина Новаци се одржа едукативно предавање на тема: Дијабет ,подигнување на свеста за дијбетесот ,можните копликации и негова превенција.
Д-р Жаклина Сервини како предавач преку презентација ги запозна присутните со начините на превенција од оваа болест, како да се постигне правилна и балансирана исхрана ,соодветен сооднос на јаглени хидрати,масти и протеини. Таа го потенцираше значењето на водата ,витамините и минералите.
На присутните им беше даден анкетен прашалник кој здружението на дијабетолози ќе го искористи за развој на стратегија за борба со шеќерната болест.
Општина Новаци ќе организира и други вакви предавања и работилници со цел подигнување на свеста на граѓаните .