Ден на дрвото во општина Новаци
Како и секоја година така и оваа и општина Новаци се вклучи во акцијата за пошумување „ Ден на дрвото-засади ја својата иднина“. Се пошумуваше во дворот на општината и детската градинка во Новаци како и во ЦОУ „Славко Лумбарковски“.
„Општина Новаци како и секоја година така и оваа есен се вклучи масовно во засадување на дрвја особено затоа што нас тоа ние навистина потребно со оглед на тоа што РЕК и рудникот се наоѓаат на само неколку километри од Новаци и загадувањето е најприсутно овде. Најпрво засадивме дрва во училишните дворови во сите училишта, потоа овде во општинскиот двор а комуналните работници од ЈКП Комунална хигиена од Новаци во соработка со локалното население.“ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.
Оваа есен акцијата „Ден на дрвото“ се организира по 16 ти пат во општиона Новаци.