Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Груевски од Новаци порача: Рурални развојни зони за нови вработувања и економски развој

tnt_8381

Носителот на И.Е бр.4 Никола Груевски , кандидатот за пратеник Мирјана Хаџиевска , градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски и претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ Новаци, Стевче Стевановски остварија средба со жителите.

На собирот во оваа општина Груевски истакна дека Изборната програма за периодот 2016-2020 е подготвувана долго време и во консултации со експерти и луѓе од општините со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните и да се решат главните приоритети во секое населено место.

„Не сакаме да ги лажеме луѓето, сакаме да бидеме реални во ветувањата. Направивме точна филигрантски прецизна пресметка што е возможно, а што не е возможно. Возможното ви го ветуваме, а она што не бевме сигурни дека можеме да го реализираме не го ветивме. Многупати кога се создаваат услови знаеме да изненадиме и со работи кои не сме ги ветиле, а сме ги исполниле. Вие го знаете тоа и на многу места е направено и сигурно ќе има и нешто такво“- рече Груевски.

Тој посочи дека голем дел од Изборната програма е посветен за развојот на земјоделството и во тој контекст спомена дека за системот „капка по капка“ со кој се добиваат поголеми приноси се предвидува државата да даде поддршка од 80 проценти. Исто така, за оние сточари кои ќе набават високоприносен добиток се предвидува да им бидат покриени 80 проценти од трошоците за набавка на ваков добиток. Финансиските средства за овие две намени, како што рече Груевски, веќе се обезбедени со Буџетот за следната година.

Пред жителите на Новаци, Груевски го презентираше и проектот „Рурални развојни зони“ со кој се предвидува секој граѓанин кој ќе сака да почне нов бизнис во следните 10 години да биде ослободен од персонален данок на доход и данок на добивка, 50 проценти да не плаќа од придонесите за здравствено и пензиско осигурување, а за секој нов вработен да добие финансиска поддршка од 2.000 евра и за целата нова инвестиција што ќе ја направи ќе добие 10 проценти грант од државата.

За општина Новаци, напомена Груевски, се планира водоснабдување од хидросистемот „Стрежево“, за што ќе бидат инвестирани 3.3 милиони евра, а ќе се овозможи водоснабдување на околу 3.000 хектари земјоделско земјиште во седум населени места. Во Програмата е предвидено и темелно чистење на коритото на Црна Река, реконструкции на локални и регионални патишта, изградба на систем за топлификација за Битолскиот регион, нови спортски сали, модуларни училишта и нова детска градинка.

За следните четири години предвидуваме нови 600 милиони евра за македонските земјоделци, по 150 милиони евра секоја година. Го правиме тоа веќе неколку години и ќе продолжиме да го правиме и во следните, рече Груевски.

Тој додаде дека во Македонија изминативе години активно се работи на развој на земјоделството, а како мерки кои придонеле за таа цел ги посочи субвенциите и инвестициите во руралните средини.

Дадовме можност илјадници хектари државно земјиште да им бидат доделени на луѓето што живеат во руралните средини,  да работат и да заработат, додаде Груевски.

 

 

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top