Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Градоначалникот Котевски на меѓународна конференција за унапредување на економскиот развој во Пелагонија

14877179_10154667347243988_626286687_n

Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски денеска учествува на меѓународната конференција за „Унапредување на економскиот развој во пелагонискиот плански регион “ а ќе оствари и Б2Б средби со компании од регионите на Пелагонија и Измир.

За вечерните часови предвидена е презентација на можностите за инвестирање, богатствата и ресурсите на општина Новаци пред турски бизнисмени и компании кои учествуваат на оваа конференција.

Целта на оваа меѓународна конференција е унапредување на економскиот развој во пелагонискиот регион, привлекување на странски инвестиции во индустриските зони и останатите слободни локации во пелагонија, но секако и воспоставување на директна соработка помеѓу бизнис компаниите од двете држави.

На конференцијата како претставници на општина Новаци со свои штандови ќе учествуваат Вазар-фабриката за производство на флаширана минерална вода Суна с. Рибарци и ФОД – фабриката за производство на машини и резервни делови Новаци.

 

Back to top
Skip to content