Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Божиќни пакетчиња со храна за социјалните категории граѓани

Градоначалникот на општина Новаци Лазар  Котевски оствари средба со Унија на жени општина Новаци и УМС при што сите заедно им поделија Божиќни пакетчиња со храна за семејствата кои имаат потреба од тоа.

„ Ова е редовна практика за големите верски празници и секогаш им помагаме со малку храна на семествата кои  имаат потреба од тоа достојно и убаво да го поминат овој еден од најголемите верски празници Божик. Воедно ја користам оваа можност на сите верници од христијанска вероисповед да им ги честитам претстојните Божиќни празници.“ рече градоначалникот Котевски.

Православните христијански верници утре го слават Бадник  денот пред големиот праник Божиќ.

Бадник се слави еден ден пред Божиќ и со коледарските огнови и коледарчињата се најавува Рождеството Христово – Божиќ.

Божиќ е Господски празник и се слави во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.

Евангелието го опишува настанот кога се родил Господ Исус Христос. Настанот ни сведочи дека римскиот император Август заповедал да се изврши попис на населението во Империјата. Тогаш праведен Јосиф и Света Дева Марија пристигнале во Витлеем, бидејќи биле од родот Давидов.

Back to top
Skip to content