Бесплатен јавен Wi-Fi достапен во Oпштина Новаци

Жителите и посетителите околу Младинскиот центар во Новаци од сега можат да се поврзат на бесплатен јавен Wi-Fi. WiFi мрежата е поставена во рамки на иницијативата WiFi4WB, финансирана од Европската Унија и Владата на Сојузна Република Германија, а се спроведува од GIZ како дел од проектот EU4Digital. Целта на иницијативата е да се овозможи бесплатен […]
Студиска посета на Кралството Холандија

Во рамки на студиската посета организирана од Про Локал, а поддржана од Амбасадата на Кралството Холандија преку програмата МАТРА, имав можност заедно со градоначалниците од Пелагонискиот регион да посетам повеќе успешни примери на локален развој, иновации и одржливост во Холандија. Ова не беше посета насочена кон разгледување на современи објекти или презентација на успешни приказни. […]
Отворен меморијален турнир во мал фудбал „Пеце Матичевски“

Го отворивме четиринаесеттиот по ред меморијален турнир во мал фудбал „Пеце Матичевски“, спортска манифестација која веќе традиционално ги обединува љубителите на спортот, дружењето и фер-плејот. Овој турнир претставува повеќе од спортски настан, тој е симбол на почит и сеќавање на прерано загинатиот војник Пеце Матичевски. Преку спортот го чуваме споменот на човек кој остави значаен […]
Одбележaна 25-годишнината од загинувањето на Пеце Матичевски

По повод одбележувањето на 25-годишнината од загинувањето на бранителите Влатко Миленковски, Пеце Матичевски и Благојче Силјановски, денес оддадовме почит на нивната жртва и херојство. Заедно со семејствата, соборците, претставници на институциите и граѓани, положивме свежо цвеќе на вечното почивалиште на Пеце Матичевски во Новаци, а потоа и на споменикот „Ангел“ кај Саат-кулата во Битола, изграден […]
„FIREFLY – Заедничка прекугранична иновативна противпожарна заштита

Денес имав чест и задоволство да говорам на настанот од проектот „FIREFLY – Заедничка прекугранична иновативна противпожарна заштита. Настанот беше посветен на промоција и презентација на проектните активности, постигнатите резултати и идните насоки на соработка во областа на противпожарна заштита и иницијативата како значаен чекор кон унапредување на превенцијата, мониторингот и брзиот одговор при шумски […]
Христијан Штрковски од Новаци освои второ место на меѓународниот натпревар „Serbian Open Final Rep“

Денес остварив средба со нашиот сограѓанин Христијан Штрковски од Новаци, кој достојно ја претставуваше Општина Новаци на меѓународниот натпревар „Serbian Open Final Rep“, одржан во Нови Сад, Република Србија. Со максимална посветеност, дисциплина и борбеност, Христијан го освои второто место во категоријата М-80, остварувајќи вкупен пласман од 422,5 килограми. Горди сме што Општина Новаци има […]
Средба со фудбалерите и управата на ФК Новаци

Денес остварив средба со фудбалерите и управата на ФК Новаци, клуб кој со години достојно ја претставува нашата општина на спортските терени и оваа сезона бележи одлични резултати во Втората македонска фудбалска лига. По повод јубилејот „30 години Општина Новаци“, на претставниците на клубот им беше доделена плакета како признание за нивниот значаен придонес во […]
Добромири добива ново катче за одмор, рекреација и заедништво – парк за сите генерации

Добромири добива ново катче за одмор, рекреација и заедништво – парк за сите генерации
Николоски во посета на Општина Новаци

Денес во Општина Новаци бевме домаќини на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, кој изврши увид во реализацијата и планираните инфраструктурни проекти во нашата општина. Во рамки на првиот повик за финансиска поддршка од Владата, обезбедени се 7.134.000 денари за проектот „Изградба на улица во Индустриска зона во с. Новаци – Крак 3“, со […]
Општина Новаци повторно ги поддржува најмалите спортски херои!

Општина Новаци повторно ги поддржува најмалите спортски херои! Со големо задоволство ве информираме дека Општина Новаци ќе ја покрие котизацијата за учество на сите деца од општината на детската спортска манифестација „Мини Трчај Бе 2026“! Кога и каде? 13 Јуни 2026 Почеток: 09:00 часот Локација: Градски парк Битола Право на учество имаат деца родени 2014 […]