Нов камион-подигнувач за поефикасно собирање на комуналниот отпад во Општина Новаци!
Нов камион-подигнувач за поефикасно собирање на комуналниот отпад во Општина Новаци! Општина Новаци продолжува со унапредување на комуналните услуги преку модернизација на механизацијата на ЈП „Комунална хигиена“ – Новаци. Со поддршка од Министерството за животна средина, набавен е нов специјален камион-подигнувач за собирање и транспорт на комунален отпад, кој ќе овозможи побрзо, поефикасно и поквалитетно […]
Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, го посетиманастирот „Св. Петар и Павле“ Рапеш
Денес имав чест, заедно со Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, да го посетиме манастирот „Св. Петар и Павле“ во близина на село Рапеш, кој е во фаза на изградба. Овој манастир претставува значајно духовно и културно светилиште за овој крај. Неговата изградба е сведоштво за верата, посветеноста и заедништвото на сите кои несебично придонесуваат […]
Започна изградбата на пречистителна станица за жителите на с. Добромири
Со реализацијата на овој проект ќе се заокружи целокупната изградба на канализационата мрежа во селото, обезбедувајќи современо, безбедно и еколошки одржливо решение за третман на отпадните води. Овој проект е од особено значење бидејќи придонесува за заштита на природата, зачувување на квалитетот на почвата и водите, подобрување на јавното здравје и создавање поквалитетни услови за […]
Одлични резултати на натпреварите на учениците од ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци
Учениците од ООУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци, заедно со своите ментори, и оваа учебна година достојно го претставија училиштето, постигнувајќи значајни резултати на регионалните и државните натпревари по македонски и англиски јазик. Регионалниот натпревар по македонски јазик се одржа во Прилеп, регионалниот натпревар по англиски јазик во Битола, додека најдобрите ученици своите знаења ги покажаа […]
Затворен XIV Меморијален турнир во мал фудбал „Пеце Матичевски“

По две недели исполнети со спортски дух, дружење и фер-плеј, успешно заврши XIV Меморијален турнир во мал фудбал „Пеце Матичевски“. Ваквите спортски настани имаат огромна поддршка од градоначалникот и Советот на Општина Новаци, кои континуирано придонесуваат за развојот на спортот и зачувувањето на традицијата. Турнирот, кој го носи името на прерано починатиот војник Пеце Матичевски, […]
АКЦИЈА ЗА ЗАСАДУВАЊЕ НА 130 ДРВЈА ЈАВОР ПО ДОЛЖИНА НА УЛИЦА БР. 1 КОН НОВАТА ИНДУСТРИСКА ЗОНА НОВАЦИ

пштина Новаци продолжува со активностите за унапредување на животната средина и создавање позелени и поубави јавни простори. Во рамки на акцијата за хортикултурно уредување се засадува зелен појас од 130 јавори за заштита од пожари долж улицата бр. 1, која води до новата Индустриска зона Новаци. Со оваа активност ќе се формира зелен појас кој […]
Студиска посета во Хрватска: Вредни искуства за развој на граѓански енергетски заедници
Во периодот од 15 до 18 јуни 2026 година имав можност да учествувам на студиска посета во Република Хрватска, организирана од Еко-свест со поддршка на Фондацијата Хајнрих Бел и Шведска. Посетата беше посветена на размена на искуства и добри практики во областа на граѓанските енергетски заедници и локалната енергетска транзиција. Заедно со градоначалниците и секретарите […]
ВТОРА ПРЕВЕНТИВНА ЛАРВИЦИДНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА НОВАЦИ

ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола ја известува јавноста дека на 17.06.2026 година (среда) во вечерните часови и на 18.06.2026 година (четврток) во претпладневните часови ќе се спроведе ВТОРА ПРЕВЕНТИВНА ЛАРВИЦИДНА дезинсекција на подрачјето на Општина Новаци со цел уништување на ларвените форми на комарци. Третманот ќе се изведува со употреба на инсектицид наменет за […]
„Зелените денови“ на Пелистер за учениците од ЦОУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци.
Благодарение на посветеноста на Општина Новаци и градоначалникот Стевче Стевановски, како и на одличната соработка со АД ЕСМ , ELEM Rek Bitola и. Esm Molika Dooel Bitola, повторно се реализираат „Зелените денови“ на Пелистер за учениците од ЦОУ „Славко Лумбарковски“ – Новаци. Пред многу години оваа прекрасна традиција беше прекината, но денес повторно се враќа […]
Бесплатенјавен Wi-Fi достапенвоOпштинаНоваци

Жителите и посетителите околу Младинскиот центар во Новаци од сега можат да се поврзат на бесплатен јавен Wi-Fi. WiFi мрежата е поставена во рамки на иницијативата WiFi4WB, финансирана од Европската Унија и Владата на Сојузна Република Германија, а се спроведува од GIZ како дел од проектот EU4Digital. Целта на иницијативата е да се овозможи бесплатен јавен интернет низ Македонија и Западен Балкан. Општина Новаци ќе биде една од 500 во регионот кои ќе добијат WiFi4WB мрежа, по примерот на EU програмата WiFi4EU, која обезбеди бесплатен јавен интернет на 7.000 локации низ Европската Унија. Сите граѓани и посетители можат да се поврзат бесплатно и да користат сигурна интернет врска. Со оваа поддршка, Општина Новаци продолжува да ги унапредува јавните услуги и да ја зајакнува дигиталната поврзаност на локалната заедница. #WiFi4WB #EU4Digital #TeamEurope